Шест клуба од долниот дел на табелата во Премиерлигата бараат да нема испаѓање доколку сезоната се доигра на неутрален терен, во спротивно ќе го бојкотираат остатокот од сезоната, тоа предизвика револт кај големите клубови во Англија.

Топ шесте клуба во Англија бараат под итно да се најде начин сезоната да се  доигра, во спротивно сите ги очекува финансиска катастрофа.

Во Премиерлигата практично има војна меѓу екипите кои се борат за врвот на табелата и оние кои се борат за опстанок, овие несогласувања доаѓаат на ден пред утрешниот состанок на сите 20 клуба од топ дивизијата во Англија.

Ниезвесно е кога Премиерлигата ќе продолжи, ако воопшто се доигра, клубовите кои се борат за опстанок стравуваат за својата иднина, топ шесте клуба сметаат дека ако сезоната не се доигра тоа ќе предизвика катастрофални последици на финансиски план.

Состанокот во понеделник очигледно ќе биде „жежок“ на тема рестарт на сезоната.