Англискиот фудбалски репрезентативец Кајл Вокер денес потпиша нов договор со Манчестер Сити и така ја продолжи соработката на дополнителни две години. Според тоа Вокер во Манчестер Сити би требало да остане до 2024 година.

Манчестер Сити денес го потврди продолжувањето на договорот со 29 годишниот дефанзивец, а англиските медиуми шпекулираат дека Вокер со овој договор ќе заработува 180.000 фунти (202.000 евра) неделно.

Кајл Вокер во Манчестер Сити пристигна во 2017 година од Тотенхем за нешто повеќе од 52 милиони евра.