Како што пишува „Билд“, вонреден состанок ке одржи фудбалската федерација на Германија во понеделник, тема на состанокот е прекин на натпреварите во Бундеслига и Бундеслига 2.

Коронавирусот ќе го покоси и фудбалот во Германија, покрај прекинот се најавува дека ќе биде познато и кој ќе ја освои титулата но и кој ќе биде промовиран во елитата.

„Билд“ тврди дека на состанокот во понеделник ќе присуствуваат претставници на 36 клуба, се размислува првенството да се означи како завршено со актуелната состојба на табелата.

Првиот и вториот тим од Бундеслига 2 ќе бидат промовирани во елитата, Арминија Билефелд и Штутгарт на Дарко Чурлинов ќе бидат нови членови во Бундеслигата која ќе се зголеми на 20 клуба.