По многуте загрижувачки вести врзани со спортот и со коронавирусот, еве и една ведра.

Пред неколку дена сите светски медиуми пренесоа дека иранската репрезентативка во футсал, Илхам Шејхи, е првата спортска жртва на коронавирусот. Наводно починала по десетдневна борба со болеста.

Но, 23-годишната Илхам Шејхи самата ја демантираше својата смрт и објави дека е жива и здрава.

Таа објасни дека во иранскиот град Кум од коронавирусот почина жена со истото име и презиме и со иста возраст