Есперанс од Тунис победи со 1:0 против либискиот Ал Итихад во квалификациите за африканската Лига на шампиони, но натпреварот го одбележа инцидент во 78-та минута.

Домаќините тргнаа во контра и една долга топка одеше кон самиот Хамду Елхуни. Тој сакаша да ја смири на грани, но воопшто не го виде голманот на Ал Итихад Муад Елафи, кој истрча од шеснаесетникот и со отворен ѓон го удри напаѓачот во глава.

Елхуни се сруши на тревникот и веднаш на помош му притрчаа лекарите, а Елхуни беше префрлен во болница, каде е потврдено дека немало потешки последици. Елафи подоцна го контактирал Есперанс и со неговиот претсдател го посетил Елхуни во болница, каде му се извинил.