Екипата на Штутгарт чиј член е Дарко Чурлинов, ќе оди на превентивни прегледи за Ковид-19 откако еден вработен на стадионот е позитивен на вирусот кој го покоси спортот во светот.

Засега нема ниту еден позитивен случај меѓу играчите на Штутгарт, вклучително и нашиот репрезентативец  Дарко Чурлинов, клубот ги превзема сите неопходни мерки за превентива и заштита на екипата и стручниот штаб.

Вработениот на стадионот  сам пријавил, не се чувствувал добро, по прегледите е констатирано дека е позитивен на Ковид-19.

Штутгарт објави дека вообичаената прес конференција пред дуелот со Вехен во недела е откажана, тренерот Пелегрино Матарацо ќе комуницира со новинарите преку видео конференциска врска.