Бундеслигата е прва од топ 5 првенствата која ги продолжува натпреварите во време на пандемијата од коронавирусот.

Германците денеска ќе гледаат елитен фудбал, секако на телевизија бидејќи продолжнието на сезоната ќе се игра зад затворени врати.

Првата и Втората Бундеслига денеска носат вкупно 10 натпревари, дербито се игра меѓу Борусија Дортмунд и Шалке, оваа средба и уште четири се играат од 15-30 часот, една во вечерниот термин од 18-30.

Утре шампионот Баерн Минхен гостива на  Унион Берлин, Келн го пречекува Мајнц ,во понеделник Вердер Бремен го пречекува Баер Леверкузен.