Француска Лига 1 беше првата лига од лигите пет во Европа и засега единствена која се одлучи да стави крај на сезоната и титулата на „зелена маса“ замина во витрините на ПСЖ.

Оваа одлука наиде на огромни реакции пред се од страна на Лион кои не обезбедија излез во Европа, но исто така од Амиен и Тулуз кои беа исфрлени во втората лига.

Сепакм оваа одлука беше разгледана од Врховниот суд на Франција кој одлучи Амиен и Тулуз да останат во Лига 1, додека жалбата од страна на Лион е одбиена.

Најоштетени во оваа ситуација останаа Лион кој нема да има излез во Европа, како и Амиен и Тулуз кои не добија вистинска шанса да се борат за својот опстанок. Останува да се види како ќе се одвива целата ситуација, ако се знае дека Федерацијата веќе ги промовираше Лориен и Ленс како прволигаши за наредната сезона.