Борусија Дортмунд ги преслуша „јарците“ со 3-1 во Келн, домашните поведоа па застанаа и го запишаа вториот пораз на вториот натпревар сезонава.

Дарко Чурлинов не настапи поради мала повреда, Келн поведе со голот на Дрекслер во 29 минута.

Во второто полувреме „милионерите“ диктираа темпо и игра, притискаа и сосема заслужено дојдоа до пресврт и победа.

Санчо израмни во 70 минута, Хакими во 86 минута носи пресврт за Дортмунд, гостите победата ја потврдија преку Алкасер во 90 минута.