ФФМ денеска организира втора средба со клубовите од Првата лига, ќе се разговара за евентуално продолжение на сезоната 2019/20, засега нема дозвола од Владата на Македнија, но во „Куќата на фудбалот“ сакаат низ разговор со преставниците на клубовите да најдат заедничко решение.

Фудбалската федерација на Македонија подготви и пред претставници на координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19 ги презентираше сите услови од здравствениот протокол за враќање на фудбалските екипи на тренинзите и натпреварите со целосна одговорност, враќањето на фудбалските терени да биде максимално сигурно за сите учесници.

ФФМ од 12:30 часот  на клубовите  детално ќе им ги презентира деталите, епидемиологот д-р Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје ќе го објасни медицинскиот протокол.

ФФМ заедно со клубовите треба да донесе конечен став околу натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ, а еден од главните услови  е да се подготват и насочат клубовите за враќање во вообичаениот тренинг и ритам за натпревари со точно утврдени мерки за заштита на здравјето на фудбалерите и сите други фудбалски работници.