Клубовите од ВМФЛ Исток преку допис до Фудбалската федерација на Македонија потврдиле дека на заеднички состанок на кои присуствувале претставници на сите десет клуба, донеле заклучок да ја почитуваат одлуката на Управниот одбор на ФФМ за регулирање на котизација за учество во натпреварувањето во сезоната 2019/2020.

Во дописот се наведува дека клубовите кои до овој момент немаат уплатено надоместок за службени лица се обврзуваат да ја регулираат обврската најдоцна до понеделник, 5 август.

Ова воедно е и продолжен рок за неколку дена, ако се земе предвид дека рокот за уплата истекуваше денес.

Второлигашите бараа укинување на котизацијата откако прволигашите добија финансиско олеснување поради продажвбата на ТВ-правата.

Неофицијално, досега сите клубови од ВМФЛ – Запад ја имаат подмирено котизацијата до ФФМ, додека од ВМФЛ – Исток, наводно, пет од вкупно десет учесници ги подмириле финансиските обврски кон ФФМ.