Македонксиот второлигаш, ГФК Охрид ги промовираше новите засилување, Оливер Митревски и Оливер Дишлиевски.

„Оливер Митрески и Оливер Дишлиевски нови членови на ГФК Охрид!Митрески кој настапува на позиција голман се враќа во Охрид, откако минатата сезона ја заврши во тимот на Лабуништа. Дишлиевски, охридските редови ги засилува од сoставот на Скопје. 21-годишниот Дишлиевски настапува во нападот.“ – соопштија од ГФК Охрид.

Претходно, ГФК Охрид се засили и со Фатмир Ариф, Един Мерсовски и Никола Симоновски.