Поранешниот фудбалер на Рома, Мирко Вучиниќ и по 10.години не може да се помири со фактот дека „Римската волчица“ не ја освои титулата во Серија А која замина во витрините на Интер.

Рома и Интер исто така беа финалисти во Купот на Италија, натпревар во кој „неораѕурите“ исто така стигнаа до пехарот, а Рома остана без ниту еден трофеј таа сезона.

„ Тоа е рана која никогаш нема да заздрави. Ќе остане до крајот на животот. Бевме многу блиску до освојување на Скудетото, но го загубивме во финишот од сезоната“-изјави Црногорецот.

Сепак, Вучиниќ неколку години потоа, стигна до Скудетото во дресот на Јувентус.