Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде Пол Погба во летниот преоден рок но за 150 милиони евра, сума која минатото лето ја одбија по обидот на Реал Мадрид да стигне до репрезентативецот на Франција.

Погба сеуште е надвор од стројот поради повреда а оваа сезона не одигра баш ништо за екипата од „Олд Трафрод“. Неговиот брат јавно потврди дека Пол сака да замине во екипа која игра во ЛШ но и реално има шанси да се бори за титули.

Ед Вудворд, извршниот директор на Манчестер Јунајтед во договор со управата но и со Солскјер се сложиле дека најдобро е Погба да биде продаден во летниот преоден рок.

Цената од 150 милиони евра може да представува проблем со оглед на формата и серијата повреди кои ги претрпи креативецот последните две сезони. Доколку Јунајтед не го продаде Погба ова лето, ризикува во следното да не заработи ниту цент од Погба кој има договор со „Ѓаволите“ до јуни 2021 година.

 

Единствена можност за заработка би бил зимскиот преоден рок во 2021 година кога цената на Погба ќе биде три пати помала од пазарната односно 50 милиони евра. Ова важи и за престојниот летен преоден рок во кој работите се малку покомплицирани.