Двократниот првак на Европа, Вардар против Кил ќе се обиде да покаже дека има квалитет и покрај низата порази во Лигата на шампионите.

Предводникот на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ е свесен за престојните предизвици, но уверува оти до крајот на оваа календарска година, работите може да се променат на подобро.

„Не очекуваат три важни натпревари, прво гостуваме кај Кил, каде никој од Европа не е фаворит, па нема да бидеме ни ние. Сакаме да одиграме добар натпревар пред дуелите со Загреб и со Еурофарм Пелистер. Имаме мали проблеми, Гаџа има вироза, Моралес се враќа но не е во полна форма. Ќе играме и без Борко Ристовски. Сепак очекувам мојот тим да биде мотивиран.“ – изјави Вујовиќ.

Вардар на првото овосезонско соочување со Кил во Скопје загуби со 29:26.