Во второто по ранг фудбалско клупско натпреварување на УЕФА, вечерва ќе ги донесе полуфиналните двојки по пресметките на Вулвс – Севиља и на Шахтјор и Базел.

За „Волците“ ова е прво соочување со повеќекраниот освојувач на Лигата на Европа, Шпанците се фаворити, но Еспирито Санто верува во неговите играчи. Хендикеп за Севиља е повредата на Корча.

Победникот од оваа пресметка вои полуфиналето од ЛЕ ќе игра со Манчестер Јунајтед кој вчеравечер го елиминираше Копенхаген.

Во последното четвртфиналет Шахтјор ќе одмери со Базел, Украинците на денешниот натпревар ќе истрчаат без повредените Исмаили и Малишев како и без суспендираниот Кочхолава.

Победникот од овој двомеч во полуфиналето ќе одмери со Интер кој беше подобар од Баер Леверкузен.