По ангажманот на Хесус Валехо од Реал Мадрид, амбициозниот Вулверхемптон е на чекор до реализација на уште еден голем трансфер.

Британски „Дејли меил“ тврди дека преговорите со Милан се во завршна фаза и Патрик Кутроне ќе се пресели во Англија. Милан ќе заработи 19 милиони евра а 21 годишниот напаѓач ќе стави потпис на петгодишен договор.

Со ова Нуно Еспирито Санто ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот а навивачите очекуваат од Вулверхемптон излез во Европа за следната сезона.