Вулверхемптон нема намера да го продаде напаѓачот Раул Хименес, за кого е заинтересиран Манчестер Јунајтед.

Како што соопшти директорот на „Волците“, Расел Џонс, од моментот кога го купија Хименес од Бенфика, бројот на навивачи во Мексико се зголеми за 500 % и сега е петпати поголем од бројот на фановите во Британија.

Освен тоа, раководството на Вулверхемптон е задоволно од маркетиншкото и бизнис влијание на Хименес, како и од неговите настапи.

Хименес сезонава одигра 26 средби во Премиер лигата и постигна солидни 11 гола.