Дури три тима од полуфиналистите на Лигата на Европа, покрај трофеојот како трофеј, ова натпреварување го гледаат како единствен пат до Лигата на шампионите.

Од најдобрите четири, единствен тим кој сигурно ќе патува во Лигата на шампионите е Манчестер Јунајтед, кој речиси сигурно е на второто место во Премиер лигата, со оглед на тоа што има седум бода повеќе од третиот Лестер, а девет повеќе од петтиот Челзи.

Но, во таква ситуација не е другиот англиски тим во полуфиналето, Арсенал доколку место во европската елита следната година, ќе мора да ја освои Лигата на Европа. Тие во моментов се деветти во Премиер лигата, со дури 10 бода помалку од четвртата позиција, на која е Вест Хем.

Во иста ситуација е и шпанскиот тим Виљареал, тие во Примера се седми со 46 бода, односно дури 15 помалку од четвртопласирана Севиља.

Рома не е толку далеку бодовно како Виљареал и Арсенал, но сепак за да бидат четврти во Италија мора да минат дури четири тима. Римјаните имаат 54 бода, односно седум помалку од Аталанта, која што е на четвртата позиција со 61 бод.