Вчера Челзи дома загуби осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Подобар од него беше тимот на Баерн, кој го совлада домаќинот со катастрофални 0:3.

За да се пласира Челзи во четврт-финалето на елитното европско клупско натпреварување треба да се случи нешто што досега никогаш се нема случено во историјата на сите европски натпреварувања.

Статистиката бележи дури 213 случаеви кога еден тим дома загуби со 0:3 во европските натпреварувања. Од нив ниту еден не успеа да ја надомести разликата на реванш средбите, пишува Gracenote Live.

Возвратниот натпревар ќе се одигра во Минхен на 18 март.