Лионел Меси и Кристијано Роналдо се најдобрите фудбалери во историјата според многумина, но со таа констатација не се согласува португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Според „Специјалниот“ од сите фудбалери кои ги тренирал најголем впечаток му оставил Бразилецот Роналдо.

„За мене најдобар фудбалер во историјата е Роналдо „феноменот“ од Бразил. Кристијано Роналдо и Лео Меси имаа подолги кариери од неговата, веќе 15 години како се меѓу најдобрите, а ако зборуваме за талент и вештина, тогаш никој не може да биде подобар од Роналдо Назарио. Кога работев во Барселона, сфатив дека тој е најдобриот во светот и дека тој е најдобриот играч што некогаш стапнал на теренот“, изјави Мурињо.

Португалскиот стратег работеше во Барселона од 1996 година, каде го учеше тренерскиот занает.