Како се ближи доделувањето на Златната топка се посилни се лобирањата кој ќе биде најдобар играч на светот за оваа година.

Французите и навивачите на Реал Мадрид лобираат за Бензема, Лионел Меси има свои адути. Салах исто така, Жоргињо потајно се надева дека тој би бил добитник. Но, за Кевин Де Брујн нема дилеми.

„Доколку морам да бирам, ќе го земам периодот од последните две години затоа што наградата не се додели лани. Затоа го бирам Левандовски. Гледајќи што се направи во тој период, нема сомнеж дека тој е мојот избор“- изјави одличниот играч на Сити.

Сметајќи ја оваа и минатата сезона, Левандовски во дресот на Баерн и Полска постигна повеќе од 60 голови, а го сруши и митскиот рекорд на Герд Милер по бројот на лигашки голови во една сезона, чиј рекорд беше 40 гола, а Левандовски постигна 41.