Напаѓачот на ПСЖ и на бразилската репрезентација, Нејмар, ги кажа најдобрите петмина фудбалери на светот во овој момент, пишува Marca.

Во списокот на Нејмар се најдоа неговите поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез, неговиот сегашен соиграч Килиан Мбапе, играчот на Манчестер Јунајтед Пол Погба и напаѓачот на Реал, Еден Азар.

За напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, на списокот на Нејмар немаше место, како и за ниту еден бразилски фудбалер.