Вечерва Ливерпул ќе го дочека Атлетико Мадрид во реванш мечот од осминафиналето од Лигата на шампиони.

Претставниците на двата клуба и Европската фудбалска унија одржаа состанок на кој беше одлучено вечерва овој меч на „Енфилд Роуд“ да се игра пред полни трибини.

Владата на Шпанија пред овој дуел апелираше до своите граѓани да избегнат патување во Англија. Сепак „јорганџиите“ им дозволи на своите најверни фанови да пристигнат на вечерашниот натпревар.