Стоперот на Борусија Дортмунд, Дан Загадоу ја известил управата на клубот дека посакува да си замине во овој летен преоден рок.

Тренерот на Арсенал Унаи Емери посакува да ја зголеми конкуренцијата во дефанзивната линија и Загадоу е еден од посакуваните нови играчи. Ова го пренесуваат медиумите од Германија.

Загадоу не е среќен што во Дортмунд се врати Матс Хумелс и веќе размислува за нов предизвик. Арсенал е подготвен да потроши 30 милиони евра за ангажман на стоперот на „милионерите“.