Шкендија по 9 одиграни кола во ПМФЛ има два бода предност пред второпласираниот Шкупи, а голманот Костадин Захов пред неделноиот меч со Работнички оцени дека трите бода се императив за тетовскиот прволигаш во трката за титулата.

Сметам дека во оваа фаза од шампионатот потребна ни е константност,  бидејќи секој освоен бод и одвојување од ривалите ќе биде од клучна важнст за конечниот исход на табелата на крајот од сезоната“, изјави Захв за клупскиот сајт.

 

 

Секако, убедливата победа против Вардар и пласманот во четвртфиналето на Купот ни го дава планираниот напредок и сега мора да продолжиме со победите. Секој натпревар е нова приказна и бара максимална посветеност. Работнички е незгоден противник и ние многу сериозно го сфаќаме ова соочување, бидејќи сакаме да бидеме на потребното ниво и да освоиме нови три бода“, заклучи Захов.