Бразилската легенда Дани Алвес и официјално раскина со Сао Пауло. 38 годишниот фудбалер од пред неколку часа слободен агент.

Тој имаше договор уште 15 месеци, но клубот имал големи долгови кон него па поради тоа реши да ја прекина соработката, по само шест одиграни меча оваа година, што е услов да се пресели во друг клуб од Бразил.

Веќе се јавија заинтересирани клубови за некогашниот бек на Барселона и ПСЖ, а прв во редот застана Фламенго, кој неодамна го ангажира и Давид Луиз.