Шест месеци откако пристигна во бугарски Левски, Ѓоко Зајков најверојатно повторно ќе го менува клубот.

Според последните најави од медиумите од Бугарија, управата на Левски веќе му соопштила на Зајков дека не смета повеќе на неговите услуги.

Ова е своевидно изненадување, откако Зајков беше стандарден во Левски во есенскиот дел од сезоната а беше повикан и на зимските подготовки во Турција.

Македонскиот репрезентативец по двете години минати без натпревари во Шарлоа успеа да најде клуб каде доби шанса, но најверојатно повторно ќе мора некаде да се докажува.