Како и кулата од карти, помалку од два дена по објавувањето на идејата за формирање Супер лига, скоро е сигурно дека нема да се реализира проектот за затворена лига во режија на 12 европски клуба.

Откако Челзи прв ја смени својата позиција и реши да се повлече од проектот, истиот чекор го направи и Манчестер Сити, а шокот продолжи со најавеното заминување на Ед Вудвард, генералниот директор на Јунајтед, од Олд Трафорд. Земјотресот што ги уништи темелите на Суперлигата на самиот почеток, предизвика црвен аларм меѓу организаторите, а итно беше закажан состанок на 12 клуба за да се разговара дали е можно воопшто да се продолжи со проектот.

Состанокот треба да започне околу полноќ, и сигурно е дека главната и единствената тема ќе биде дали е изводливо да се реализира проектот кој помпезно беше најавен во недела навечер.

Дополнителни сомнежи за зачувување на проектот, заедно со фактот дека Челси и Сити веќе одлучија да се повлечат од него, се неофицијални информации дека преостанатите тимови од Премиерлигата, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем, како и Атлетико Мадрид, би можеле да одлучат за истиот чекор.