Се сеќавате ли на младиот навивач на Манчестер Јунајтед, Дара Кајли, кој му испрати писмо на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, со молба да направи нешто за да Ливерпул почне да губи.

Сега и Ливерпул и Јирген Клоп, па и навивачите на Ливерпул и на Манчестер Јунајтед имаа причина да се замислат, бидејќи непосредно по писмото Ливерпул загуби двапати, еднаш против Атлетико во осминафиналето на Лигата на шампионите, и втор пат против Вотфорд во Премиер лигата. Уште повеќе, и на третата средба против Вест Хем, Ливерпул губеше со 1:2, иако на крајот победи.