Нокеска во Сараево се случила вистинска драма, хулигани упаднале во „Radiosarajevo.ba“ и барале да биде избришан текст за нивни навивач од групата кој е осуден на пет години затвор во Белорусија.

Медиумите од БиХ пишуваат дека ова била вистинска заложничка драма, нападот го извршиле навивачи на ФК Сараево, го натерале уредникот да  го избрише текстот од порталот со закани за смрт.

Ова е нов удар врз медиумите во БиХ, уредништвото на „Radiosarajevo.ba“ бара од полицијата брзо да го расветли случајот, од новинарските здруженија во земјата да го осудат инцидентот.