Барселона продолжува со потрагата на замената за повредениот Луис Суарез.

Според информацијата на El Larguero, Каталонците се сериозно заинтересирани за Луис Суарез од Сарагоза. Раководството на Барселона веќе стапи во контакт со фудбалерот, кој со игра на случајот има исто име и презиме со повредениот.

Иако зимскиот преоден рок измина, Барселона може да добие специјална дозвола од шпанската федерација.

Мал проблем е што овој Суарез игра во Сарагоса како позајмен фудбалер на Ватфорд.