Евертон објави дека го продале Бернард во Шарјах ФЦ, клуб во Обединетите Арапски Емирати.

Бразилецот од 2013-та до 2018-та играше за Шахтјор, од каде за 25 милиони евра замина во Евертон, но таму одигра само 84 натпревари и запиша осум голови и седум асистенции.

Договорот потпишан со Шарјах е до 2023 година, а трансферот наводно е вреден милион евра.