Единсон Кавани според Тајмс ги минува последните месеци на Олд Трафорд, од каде ќе замине по се изгледа во зимскиот преоден рок, а веќе е познат и клубот каде што ќе замине.

Тој би требало во јануари да потпише за каталонскиот великан Барселона, со што би го исполнил својот сон да настапува за овој клуб.

Тој иако се уште во одлична и физичка и играчка форма и покрај неговите 34 години, оваа сезона не добива премногу шанса во дресот на Манчестер Јунајтед, со кого го продолжи договорот во текот на летото на уште една сезона.

Сепак, иако го сакаат во јануари за Барселона проблем може да биде не баш најсјајната финансиска ситуација во која се наоѓаат, па поради тоа можеби ќе чекаат до лето да го доведат како слободен играч.

Кавани ја започна кариерата во Данубио, па преку Палермо, Наполи и Пари ПСЖ дојде до сегашната средина.