Манчестер Јунајтед ги постави условите за евентуалното заминување на Погба а конкурентите засега не сакаат да го прифатат барањето на Ѓаволите (160 милиони евра). Ова го пренесуваат медиумите од Пиринеите откако Зидан бил дециден Погба што поскоро да биде ангажиран во Мадрид но понудата од Јувентус ги искомпликувале пресметките на „кралевите“.

Погба преферира враќање во Јувентус, Раиола навива за трансфер во Реал а од Јунајтед не сакаат да попушат. Понудите кои вклучуваат играчи на размена не го интересираат Солскјер. Постои и најава дека Јунајтед е подготвен да му ја зголеми платата на репрезенативецот на Франција на 500 000 евра неделно со цел тој да остане во Манчестер.

Што од ова ќе биде реализирано и дали Погба ќе замине од Јунајтед ќе знаеме до крајот на овој трансфер преоден рок.