Изненадувачки Лоренцо Инсиње наскоро би можел да го напушти Наполи.

Клубот на својот капитен му нуди нов договор, но со помала плата од 50 проценти, што тој не сака да прифати.

Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и без обештетување ќе се пресели во нов клуб, а има неколку интересни понуди.

Тој и претходно беше поврзуван со Барселона, а како реална опција сега се споменува МЛС клубот ФК Торонто.