Претседателот на Интер, Стивен Жанг вели дека мечот меѓу Јувентус-Интер ќе биде вистински спектакл и покрај тоа што ќе се игра без присуство на публика.

Овој меч може да биде пресуден во трката за Скудетото и по една седмица откако беше одложен поради коронавирусот ќе се одигра на „Алијанз Арената“ во Торино.

„Играме и од суштинско значење е да се обезбедат услови за безбедност. Здравјето е приоритет број еден. Патуваме во Торино за да победиме во ова големо дерби. Клубот претрпе трансформација во однос на минатите години. Што се однесува до комерцијалната вредност и маркетингот, овие бројки се трипати поголеми во споредба од пред неколку години“– изјави рече Жанг за „Gazzetta dello Sport“.