Домаќинот Египет ја оправда фаворитската улога и со минимална победа од 1-0 го отвори Купот на нации, во натпревар во кој ја совладаа селекцијата на Зимбабве.

Стрелец на единствениот погодок за домаќините беше Трезеге во 41-та минута од првото полувреме, на асистенција на Ашраф. Репрезентацијата која ја предводи мексиканецот Хавиер Агире е еден од фаворитите на овој шампионат, на кој пред се ќе ја имаат и поддршката од домашната публика.

Ова е 32-ро издание на Афричкиот Куп на нации на кое учествуваат 24 селекции, ќе трае до 19-ти јули, а бранител на титулата е Камерун.