Започна првото издание на Конференциската лига  и ги имаме првите резултати –

Феенорд не успеа да победи во Хаифа против Макаби бидејќи двата тима играа без голови, додека Макаби Тел Авив го заврши успешниот ден за Израелскиот фудбал победувајќи го Алашкерт на домашен терен со 4 : 1 во групата А.

Феенорд, по име и репутација, беше фаворит на овој натпревар, но не успеа да го победи домаќинот во Хаифа.

Холандскиот претставник само додаде гас во второто полувреме, но и по 15 удари, не успеа да го совлада противникот.

За разлика од Хаифа, во Тел Авив имаше дури пет гола, а четири од нив завршија во мрежата на Алашкерт.