ФИФА ги објави кандидатите за најдобрите во 2020 година, а гласањето започнува денеска и ќе трае до 9 декември

Во категоријата најдобар фудбалер номинирани се Тијаго Алкантара, Кристијано Роналдо, Кевин Де Брујн, Роберт Левандовски, Садио Мане, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Нејмар, Серхио Рамос, Мохамед Салах и Виржил ван Дајк.

Меѓу номинираните за најдобар тренер сеенерот на Егзијан Алиоски во Лидс  Марсело Биелса, Хулен Лопетеги, Ханс-Дитер Флик, Јирген Клоп и Зинедин Зидан.

Во гласањето се вклучени капитените и селекторите на сите земји членки на ФИФА, како и медиумите, а најдобрите ќе бидат проглесени на свечена церемнија на 17 декември.