Атлетик Билбао ја пречекува Барселона веерва од 21 часот, со овој меч започнува новата сезона во Шпанија.

Барселона на ова гостување ќе игра без Лионел Меси кој сеуште е повреден, остана дома  и не е во комбинација за овој меч. Меси за прв пат по 10 години пропушта меч од првото коло, Аргентинецот постигнал вкупно 14 голови во првата рунда а запишал и еден хет-трик.

Секако дека каталонците се фаворити и без Меси на оваа средба од која очекуваат победнички старт на сезоната. Во составот на  Барселона се Кутињо и Рафиња.

Александар Трајковски со совјот нов клуб Мајорка во првото коло ќе игра со Еибар дома, ова е прва можност за македонскиот репрезентативец да настапи на официјален меч за новиот клуб од Шпанија. Натпреварот меѓу Мајорка  и Еибар е на програмата в сабота од  20 часот.

Енис Барди е стандарден кај Леванте, првиот меч неговиот клуб во новата сезона ќе го одигра в  недела на гости со Депортиво Алавес. Напиот репрезентативец се очекува да биде  во почетниот состав кај Леванте.

Двојки, прво коло:

Атлетик Б. – Барселона ( петок 21-00ч.)

Сабота:

Селта Виго – Реал Мадрид

Валенсија   Реал Сосиедад

Мајорка – Еибар

Леганес – Осасуна

Виљареал – Гранада

Недела:

Депортиво Алавес – Леванте

Еспањол -Севилја

Бетис – Ваљадолид

Атлетико Мадрид – Хетафе