Францускиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе мора да се појави задутре пред судот, поради обвиненија за изнуда што наводно се случиле во 2015 година.

Бензема е обвинет дека го уценувал својот соиграч, Матие Валбуена, во 2015 година, заедно со уште четири лица, со цел Валбуена да плати поголеми суми пари за приказната да не заврши во јавноста. Доколку биде прогласен за виновен, Бензема може да добие затворска казна до пет години.

Поради споменатата ситуација, одличниот француски напаѓач не беше поканет во француската репрезентација пет години, до Европското првенство, кое се одржа летово.