Советот на директорите на Француската професионална фудбалска лига на денешната итна седница објавија дека ги сопираат натпреварите во Лига 1 и во Лига 2, а се во врска со епидемијата на Коронавирусот.

Првенствата се прекинатати со денешниот ден и така ќе биде се до наредната одлука, односно засега прекинот е на неопределено време.

Тоа значи дека се одложени и предвидените натпревари од 29 коло, предвидени за овој викенд.