Реал во среда ќе игра со Челзи во полуфиналето од Лигата на шампионите, а пред  реваншот, кралскиот клуб доби две важни засилувања затоа што ќе може да смета на Федерико Валверде и Марсело.

Уругвајскиот играч за врска Феде Валверде имаше проблеми со коронавирусот, а пред патувањето во Лондон е негативен на корона вирусот и ќе може да игра против „сините“. Претходните денови не тренираше со тимот, но дефинитивно ќе отпатува за Лондон и Зинедин Зидан ќе може да го користи.

Феде пропушти четири натпревари во Ла Лига и еден во Лигата на шампионите поради ковид-19. Зидан обожава да го користи овој фудбалер, па нема сомнение дека ќе игра на „Стемфорд Бриџ“. Тој беше клучот и за победата на Реал на дуелот против Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Што се однесува до Марсело, тој исто така ќе биде во тимот бидејќи беше ослободен од граѓанската должност да биде присутен на избирачкото место во Мадрид на 4 мај.

Има локални избори и тој требаше да се  појави во вторникот наутро како што беше поканет, но во секој случај доби дозвола да ја напушти Шпанија.

Инаку, во таа земја постои правило дека сите граѓани понекогаш добиваат должност да бидат присутни на изборите. За тоа добиваат по 65 евра.