Ерик Гарсија од лето ќе биде нов фудбалер на Барселона, објави денеска Фабрицио Романо, еден од најдобрите новинари на светот кога се во прашање трансферите.

Шпанскиот стопер ќе дојде од Манчестер Сити, тимот со кого му истекува договорот, а со Барселона наводно ќе потпише договор на четири години, со можност за продолжување на уште една.

Неговата приказна е посебно интересна. Се работи единствениот играч на фудбалскиот пазар за чие доаѓање во клубот се залагаат сите тројца кандидати за претседател на Барселона.

Виктор Фонт, Тони Фреича и Хоан Лапорта биле согласно по прашањето за Гарсија, пренесуваат каталонските медиуми и наведуваат дека трансферот за малку ќе бил завшрен во зимскиот преоден рок за 10 милиони евра.