Лоши вести за Македонската фудбалска репрезентација , доаѓаат од Италија денеска.

Несторовски утрово замина на специјалистички преглед на лигаментите на коленото во Рим, но од италијанската метропола стигнуваат лоши вести – Македонецот ќе мора што поскоро да биде опериран.

Ова значи дека македонскиот голгетер и дефинитивно ќе го пропушти претстојниот европски шампионат , бидејќи го очекува повеќемесечна пауза од фудбалските терени.

Несторовски беше стандарден првотимец за време на настапите во Лигата на Нации, а се очекува во негово отсуство улогата на прв напаѓач крај Горан Пандев да му припадне на Александар Трајковски.