Баерн Минхен синоќа славеше лесна победа на гостувањето кај Гројтер Фурт од 3-1, но Роберт Левандовски по долго време не постигна гол.

Роберт Левандовски имаше неверојатна серија, постигнуваше барем по еден гол на 19 натпревари по ред.

Но, синоќа на таа серија и дојде крајот, Левандовски не успеа да ја затресе мрежата на противникот.

Головите за Баерн ги постигнаа Милер и Кимих, а еден погодок беше автогол.