Фудбалерот од средниот ред на Милан, Франк Кеси  конечно се врати во Италија, откако се врати од својата родна земја Брегот на Слоновата коска.

Според „Sport Mediaset“  тој имал проблеми со разни блокади и забрани за патување за да пристигне во Италија, поради пандемемијата на Коронавирусот. Тој е последниот странски играч кој се врати во тимот на „росоњерите“, по Ибрахимовиќ кој пристигна пред неколку дена.

Кеси во следните 15 дена ќе мора да ги мине во карантин, кои се дел од безбедносниот протокол во сите земји низ светот.