Летниот преоден рок го одбележа Нејмар, кој со сите сили се обидуваше да се врати во Барселона од каде дојде во ПСЖ. Сепак, тој трансфер продадна. иако „каталонците“ не се откажуваат од намерата да го вратат на „Камп Ноу“.

Италијанскиот новинар Николо Скира објави дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо почнал преговори со Нејмар да стави потпис на нов договор до 2024, опција која Бразилецот наводно ја прифатил.

Во првите натпревари сезонава Нејмар покажа дека е важна алка во тимот од Париз, но најверните навивачи сеуште не забораваат на изјавите на Бразилецот во кој ја потценуваше големината на „Светците“.