Доколку успеат да се пласираат во плеј офот за Лигата на шампионите Динамо Загреб и Црвена Звезда ќе играат меѓу себе, одлучи ждрепката во Нион. Пред евентуалниот двомеч, и двата тима ќе мора да ги исфрлат своите ривали. Динамо Загреб игра против полска Легија Варшава, додека Црвена Звезда против Шериф Тираспол од Молдавија.

Во плеј офот Динамо беше поставен како носител, а меѓу клубовите кои му беа можни противници го добија можеби најтешкиот.

Коментар за ждрепката за српски Блиц даде Здравко Мамиќ, некогашниот сопственик на хрватскиот клуб и главен човек во хрватскиот фудбал, а сега бегалец од правдата, поради пресуда за малверзации со пари во Динамо Загреб.

„Прво и едниот и другиот клуб ќе мораат да изборат пласман во следниот клуб. Искрено, и Динамо е фаворит против Легија, како и Црвена Звезда против Шериф. Ако дојде до расплетот кој го очекувам, ќе биде секако интересно. Не сакав да ја извлечеме Звезда. Тоа да ме прашавте вчера, за мене би била последна опција. Но, што е тука е“- вели Мамиќ.

Сепак уверен дека во случај на дуел меѓу хрватскиот и српскиот првак, во Лигата на шампионите ќе се пласира Динамо Загреб.

„Ако дојде до дуел меѓу Динамо и Црвена Звезда, од витална важност за сите нас е да покажеме висока одговорност. И да види светот дека во Загреб и во Белград може да се одиграат цивилизарни натпревари. Без подгрејување на атмосферата. За тоа навистина нема место. Затоа што и после тој меч ќе се игра фудбал. Животот оди понатаму. А логично е да веруваме и да навиваме за својот клуб. Некако чуствувам дека ќе се оствари ова сценарио: Динамо и Звезда во следната рунда, првиот меч во Белград, реваншот во Загреб. На крајот Динамо излегува како победник.“

Смета дека и за тој што ќе биде поразен има утеха.

„Некој ќе биде повеќе задоволен, некој помалку. Но, на едниот му следи групна фаза во Лигата на шампионите, а на другиот групна фаза во Лигата на Европа, што е одличен резултат. Важно е, повторувам, да се покажеме во право светло, без некои нефудбалски работи. И нека победи подобриот, а верувам дека тоа ќе биде Динамо“– заклучува Мамиќ.